Грчките власти во текот на месец јули,поради нелегален престој во земјата, протерала 841 странски државјанин,од нив 377 албански.
Грчката полиција уапси 37-годишен маж додека се обидувал да украде пакети со храна наменета за погодените од катастрофалните пожари во источниот дел на областа Атика.
Од четврти јули кога беше регистриран првиот потрес, во близина на Драч, со јачина од 5,1 степен според Рихтер,во Албанија продолжува сеизмичната активност.
Српскиот претседател Александар Вучиќ за Новости и за Блиц даде изјави во кои го објасни неговиот став за разграничување со Косово, кој го изнесе вчера за медиумите во Шид.
Косовскиот претседател Хаимо Тачи за член на Уставниот суд на Косово го именуваше Радомир Лабан, кој во Србија е осуден за корупција.
Грчкиот Генерален секретаријат за цивилна заштита се укинува и ќе биде заменет со Националната служба за управување со вонредни состојби што ќе биде независна јавна служба која хиерархиски ќе биде под Министерството за внатрешни работи, изјави грчкиот премиер Алексис Ципрас, презентирајќи го новиот модел на цивилна заштита, по катастрофалните пожари во областа Атика што одзедоа над 90 човечки животи.
Грчката полиција денеска соопшти дека разбила криминална група што се занимавала со изработка и продажба на фалсификувани пасоши и други патни исправи на мигранти, јави ДПА.
Романското Министерство за здравство денеска соопштија дека е регистрирана првата жртва на западнонилската треска во Романија оваа сезона.
На покана на српскиот шеф на дипломатијата Иваица Дачиќ, утре во Србија ќе престојува Директорката на департманот за информирање на Руската федерација Марија Захарова-соопштија од Министерството за надворешни работи на Србија.
Се залагам за разграничување со Албанците, изјави денеска српскиот претседател Александар Вучиќ. – Да имаме територија за која не се знае како се третира и што кому му припаѓа, тоа е секогаш извор на потенцијални судири и проблеми, изјави тој денеска во Шид.