Поранешната косовска министерка Едита Тахири, која ја предводеше делегацијата на Косово во дијалогот со Србија, за тиранската телевизија „Ора њуз“ изјави дека е против идејата на претседателот Хашим Тачи за размена на територии со Србија.
Пет словенечки партии денеска постигнаа договор за формирање коалициска влада на левиот центар и го предложија Марјан Шарец за нов премиер на Словенија.
Косовскиот претседател Хашим Тачи продолжи денеска со секојдневните прес-конференции на кои ја промовира својата идеја за „корекција на границата со Србија“, што, според него, би подразбирало кон Косово де се припои Прешевската Долина, а Србија да не добие ништо од косовската територија, јави дописникот на МИА од Приштина.
До овој момент бројот на жртвите од пожарите што беснееја во источна Атика пред две недели, достигна 92 лица, соопшти грчката противпожарна служба.
- Тоа јас го кажав и тоа е мое мислење. Тоа не е предлог на мојата партија, ниту на српската Влада.Тоа го кажувам детина години, јас поаѓав од практично решение. Ваквото решение е брзо можно, бидејќи нема преселба на народите, кажа Дачиќ гостувајќи на ТВ Прва.
Границите на Косово не треба да се чепкаат,поставени се како резултат на војните, порача косовскиот премиер Рамуш Харадинај, од албанскиот приморски град Валона,повторувајќи го својот став против идејата за менување на границите на Косово и размена на територии.
Пред Договорот од Преспа да дојде во грчкиот парламент, Независни Грци ќе ја напуштат владата, а земјата ќе оди на избори, вели лидерото на партијата Панос Каменос, коалициониот партнер во грчката влада и министер за одбрана на Грција. Во интервју за радиото „Реал фм“, тој уште еднаш го повтори ставот дека неговата партија нема да отстапи од позициите.
Во Србија од денеска стапуваат на сила измените и дополнувањата на Уредбата за енергетски загрозените купувачи, според која се поголем број потрошувачи ќе можат бесплатно да користат струја.
Косовскиот премиер Рамуш Харадинај, денеска е во посета на албанскиот приморски град Валона,во чии рамки предвидени се повеќе активности.
Амбасадата на Руската федерација во во Тирана,во реакцијата околу идејата за промена на границите на Косово,оценува дека прашањата за статусот на Косово треба да се реши врз основа на Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН.