Популацијата на Хрватска значително се намалува, има се помалку родени, а повеќе умрени, се подоцна се стапува во брак и никогаш немало повеќе отселени од Хрватска, се некои од алармантните податоци, кои во анализа на демографските трендови повторно ги издвои Државниот завод за статистика (ДЗС) по објавувањето на конечните податоци за 2017 година.
Жешка есен е пред претставниците на властите во Белград, но и за приштинските. Како решението влегува во завршна фаза, претседателот на Србија го чека дипломатска офанзива во целиот септември. На почетокот од месецот прво ќе замине во Косово каде ќе разговара со Србите. Дотогаш најмалку уште еднаш ќе разговара со нивните претставници.
Косовскиот претседател Хашим Тачи го потпиша указот за именување на актуелниот заменик министер за надворешни работи Ѓерѓ Дедај за нов амбасадор на Косово во Македонија, јави дописникот на МИА од Приштина.
Поради изјавата на српскиот претседател Александар Вучиќ дека „Хитлер сакаше свет без Евреи и дека Хрватска и нејзината политика сакаат Хрватска без Срби", хрватскиот претседател Колинда Грабар Китаровиќ нема да ја посети Србија, како што претходно најави, објави хрватски „Јутарњи лист".
Годинава ќе заврши без да биде потребно грчката страна да направи апсолутно никаков чекор, пишува грчкиот весник „Катимерини“ во анализата во пресрет на референдумот кај нас.
Поранешниот албански претседател, Бујар Нишани, смета дека е неприфатлив ставот на косовскиот претседател Хашим Тачи за корекција на границите и размена на територии со Србија,бидејќи „Косово e албански Ерусалим“.
Евентуална промена на границите на Косово би ја отворила Пандорината кутија на Западен Балкан, но и во други држави во светот, изјави професорот на Универзитетот „Џон Хопкинс“, Даниел Сервер гостувајќи на белградската регионална телевизија Н1.
Словенечкото Специјално јавно обвинителство покрена обвиненија против 15 лица и една компанија поради поврзаност со корупциски скандал во здравствениот систем на Словенија.
Европскиот стабилизациски механизам денеска соопшти дека ја исплатил последната транша од помошта за Грција во висина од 15 милијарди евра.
Германската канцеларка Ангела Меркел подготви план кој предвидува формирање на „Заедници на српски општини плус“, верификација на состојбата на терен, како и одржување на референдум за отцепување на ЗСО по 20 години, објави српскиот портал „Телеграф.рс“, повикувајќи се на неименувани извори во Европска народна партија (ЕПП).