Грчката полиција уапси девет лица, кои се осомничени дека се дел од мрежа што се занимавала со препродажба на новороденчиња на двојки кои не можат да имаат деца.
Статистичките податоци од албанското Министерство за правда потврдуваат дека минатата година во земјата регистрирани се 7.956 разводи, што е најголема бројка во последните пет години.
Некогашниот висок функционер во поранешна Југославија и некогашен советник на актуелниот косовски претседател Хашим Тачи, адвокатот Азем Власи, смета дека размена на територии меѓу балканските држави не е возможна, бидејќи тоа прашање е веќе затворено, јави дописникот на МИА од Приштина.
Од земјите од Западен Балкан на аџилак во светите муслимански места Мека и Медина ќе заминат 4.212 верници, од коиј најголем број се од Босна и Херцеговина и Косово.
Договорот од Преспа заслужува Нобелoва награда, бидејќи создаде нов модел за решавање на меѓународни спорови поврзани со идентитетските прашања, вели политичкиот аналитичар и поранешниот член на Меѓународната кризна група, Едвард Џозеф во интервју за грчката новинска агенција АНА-МПА.
Генералниот секретар за цивилна заштита на Грција Јанис Капакис, денеска ја доставил неговата оставка до министерот за внатрешни работи, објави грчката новинска агенција.
Ситуацијата во моментов е таква што „имаме добра можност компромисно да се реши прашањето за Косово и Метохија“, оцени министерот за надворешни работи на Србија Ивица Дачиќ и истакна оти не знае дали некогаш ќе има подобра шанса.
Учеството на израелските авиони во одбележувањето на операцијата Бура во Книн нема политички елементи и е само во врска со договорот со кој Хрватска ги купи авионите Ф-16 од Израел, соопшти израелската амбасада во Белград.
Претседателот на косовското Собрание Кадри Весели тврди дека поделба на Косово под ниту едни околности нема да биде тема на дијалогот, и истакна дека финалниот дел од преговорите ќе донесат признавање на Косово и членство во ОН.
Лекови за циркулација и проблеми со срцето, вијагра и цитостатици што содржат цемент, но и крема за обувки - ова се наоѓа меѓу запленетите 100.000 фалсификати кои претставуваат голема опасност ако стигнат до пациентите.