Бројот на официјално потврдени и идентификувани жртви од пожарите во источниот дел на областа Атика, достигна до 89 лица, откако 55-годишна жена, им подлегна на повредите во атинска болница.
Поранешниот албански претседател и премиер,и екс лидер на Демократската партија,Сали Бериша, е против идејата за менување на границите и размена на територии меѓу Косово и Србија.
Армијата на Србија превентивно ја подигнала борбената готовност на целата територија поради тензиите на Косово, објави српскиот весник Новости.
Прекумерното истрчување на политичарите и медиумската хистерија поврзани со темата Косово достигнаа кулминација. Се поставува прашањето како всушност една тема, која не е приоритет на граѓаните доминира во програмите на политичарите и за што служи тоа.
Претседателот на Косово Хашим Тачи во изјава за јавноста ги повика граѓаните и институциите на Косово да се воздржат од провокации и да го зачуваат мирот во овој многу важен период за Косово.
Албанската полиција, во рамки на акцијата „Вјоса“ заплени голема количина марихуна и арсенал оружје.
НАТО во Албанија ќе гради воздухопловна база за Западен Балкан, објави на неговиот профил на фејсбук премиерот Еди Рама.
Српскиот претседател Александар Вучиќ по седницата на Советот за безбедност и потоа по средбата со српскиот патријарх Иринеј изјави дека во изминатите денови е забележано „агентурно дејствување од разни центри на моќта, во смисла дека нешто страшно се „крчка“
Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјави дека компромисно решение за Косово не е на повидок и дека не е оптимист во врска со ова прашање.
До 3000 евра неделно заработуваат елитните проститутки во големите летувалишта на бугарското крајбрежје. Нивните поскромни колешки, кои се среќаваат со туристите покрај брегот, добиваат меѓу 300 и 400 евра. Толкави се заработувачките во јули, а за август се очекува да бидат поголеми, објави бугарскиот весник „Труд“.