Членови на анархистичката група „Рубикон“, како што самите соопштија, доцна синоќа со бои го нападнаа објектот на Министерството за инфраструктура и транспорт на Грција.
На итната седницата на Советот за национална безбедност на Србија анализирана е политичко-безбедоносната состојба, состојбата во цивилните и воените органи и служби за безбедност и во разузнавачките служби, како и политичко-безбедоносната состојба во регионот.
По катастрофалниот пожар на 23 јули во источниот дел на областа Атика, целосно изгореле 70 отсто од областа Мати, а 30 проценти делумно или воопшто, соопшти Центарот за управување со природни катастрофи од Националната опсерваторија од Атина.
Косовската полиција уапси две лица во Ѓаковица, кои на социјалните мрежи објавија видео на кое се гледа како го палат знамето на Република Турција.
Изјавите на албанскиот министер за дијаспора, Пандели Мајко, дека од јануари 2019 ќе нема граница меѓу Албанија и Косово, повеќе треба да се гледаат како средства за пропагандистичко консумирање и изборни гласови, отколку како нешто што реално може да се случи наскоро, пишува денеска „Коха Диторе“.
Двајца припадници на Војската на Црна Гора ќе бидат распоредени во мисијата КФОР „Косовски сили" во ноември оваа година, се предвидува со планот на работа на Министерството за одбрана на Црна Гора.
На иницијатива на српскиот претседател Александар Вучиќ, Советот за национална безбедност на Србија претпладнево одржува итна седница поврзана со состојбата во Косово.
Пратеникот на Алијансата за иднината на Косово (ААК), Даут Харадинај смета дека идејата за корекција на границите, која на последните прес-конференции ја пласира претседателот Хашим Тачи, носи нов конфликт и е опасна за Косово, но и за сите земји од регионот, јави дописникот на МИА од Приштина.
„Корекција на границите" или еуфемизмот за „размена на територии" е лоша идеја, вели американскиот аналитичар Даниел Сервер и наведува бројни причини, а пред се дека тоа би им дало потстрек на заговорниците на самостојноста на Република Српска и на Голема Албанија.
Грчкиот премиер ја прифати оставката на надлежниот министер за цивилна заштита на денешната нивна средба, јави дописничката на МИА од Атина. Никос Тоскас повторно понудил да си замине од позицијата, а овој пат Алексис Ципрас ја прифатил неговата одлука.