Не можеме да го смениме универзалното право, соседите да се нарекуваат Македонци, на индивидуално и неофицијално ниво, но ние можеме да ги нарекуваме како сакаме, вели министерот за надворешни работи на Грција, Никос Коѕијас во интервју за грчката новинска агенција АНА-МПА.
Србија не го одобри барањето за посета на Нови Пазар на министерот за надворешни работи на Косово Беџетот Пацоли, објави Радио-Телевизија на Србија.
Српската премиерка Ана Брнабиќ ќе престојува во посета на САД од 23-26 јули, што ќе биде нејзина прва посета на таа земја како претседателка на српската Влада.
Угледниот швајцарски дневен весник „Ноје Циршер Цајтунг“ наведува дека Косово и Србија треба сами да најдат решение на конфликтот, и дека размената на територија, може да биде решение за тоа.
Лидерот на грчката опозициска Нова Демократија, Кирјакос Мицотакис смета дека референдумот во северниот сосед ќе успее, но нагласува дека признавањето на македонската нација и македонскиот јазик во Договорот од Преспа е нешто неприфатливо.
Нова демократија и ВМРО се хранат со проблемите, а ние со решенијата, опозициите во двете земји користат говор на омраза, вели шефот на грчката дипломатија во интервју за „Ефимерида тон синдактон“.
Министерството за државна управа и локална самоуправа на Србија денеска преку соопштение ги повика припадниците на националните малцинства, меѓу кои и македонското, кои ги исполнуваат општите услови за стекнување на избирачко право во Србија, да се запишат во Посебниот избирачки список
Европската Комисија бара итни појаснувања од косовската Влада за воведувањето царини врз овошјето и зеленчукот, јави дописничката на МИА од Брисел.
Бугарскиот Парламент денеска усвои Резолуција со која на Владата и се забранува да потпишува билатерални договори со други земји од Европската унија за реадмисија на мигранти, кои во Европа влегле преку тие држави.
Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави денска дека на Србија не и се потребни браќа туку пријатели, коментирајќи ја изјавата на хрватската претседателка Колинда Грабар Китаровиќ дека Хравтска и Албанија се браќа по оружје.