Мицотакис рече дека опозициската партија немала никакво официјално известување од владата за конкретното прашање, но според она што е познато, „ако навистина постоела интервенција во внатрешните прашања на земјата, тогаш Грција треба да реагира ефективно и одлучно“, јави дописничката на МИА од Атина.
Словенечкиот претседател Борут Пахор најави дека в понеделник официјално ќе го информира Парламентот дека засега нема никого да предложи за мандатар за состав на новата влада на Словенија, но и дека ќе иницира нова рунда консултации за формирање парламентарно мнозинство.
Размислувњата на шефот на српската држава Александар Вучиќ за Косово се далеку од реалноста, изјави косовскиот претседател Хашим Тачи, изнесувајќи оценка за последниот круг од дијалогот меѓу Белград и Приштина што се одржа во средата во Брисел.
Меѓудржавните договори се резултат на компромис, склучивме договор со придобивки и за двете земји, рече шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас во говорот на крајот од конференцијата за правните аспекти на Договорот од Преспа што се одржа во грчкото МНР.
Проетседателката на Комисијата за евроинтеграции во косовското Собрание, Блерта Делиу-Кодра смета дека препораката за укинување на визите за Косово е „значаен момент во остварувањето на едно долгоочекувано право“ на косовските граѓани, јави дописникот на МИА од Приштина.
Српските опозициски партии преговараат за формирање здружена опозиција под името Сојуз за Србија и досега утврдиле 30 програмски точки околку кои ќе се обединат и заеднички ќе дејствуваат, тврди во денешното издание белградски „Блиц“.
Грчкиот премиер Алексис Ципрас денеска се сретна со грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коѕијас, на разговори околу актуелните прашања, со фокус на односите со Русија, соопшти грчката влада.
Признанието,за кое едногласна одлука донесе Советот на општината пред два дена,на посебна свеченост, попладнево и го врачи градоначалникот, Петрит Синај.
Владата на Црна Гора денеска соопшти дека земјата е горда на својата историја и традиција и мирна политика, „ која ја доведе до позицијата стабилизирачка земја во регионот и единствена држава во која не се војуваше при распадот на поранешна Југославија" .
Тој е меѓу 24 ново назначени претставници на ЕУ од страна на високата претставничка за надворешна политика на ЕУ, Федерика Могерини.