За интервјуто на Коѕијас во германскиот весник Франкфуртер Алгемајне Цајтунг, реагира портпаролот на Независни Грци и објаснува дека ставот на владата официјално го изразува владиниот портпарол, а се друго се лични проценки, јави дописничката на МИА од Атина.
Турција објави претседателски декрети со кои се реструктуираат основни политички, воени и административни институции, како дел од трансформацијата кон силна извршна претседателска власт.
Легендата на југословенскиот и хрватски спорт, пингпонгарот Драгутин Шурбек почина на 72-годишна возраст. Шурбек кој три децении беше на врвот во овој спорт, почина ненадејно во својата татковина.
Репортерот Фатих Сабунджу, камерманот Уфук Карагјул и уште еден вработен во медиумот - Метин Талу биле уапсени за време на пробно емитување по повод втората годишнина од обидот за преврат на 15 јули 2016 година. Три и пол часа подоцна тројцата биле ослободени.
Српскиот претседател Александар Вучиќ во вторник во Париз ќе оствари средба со францускиот претседател Емануел Макрон, на која како што најави, ќе разговара за регионални прашања, за Косово, за билатерални прашања и за инвестициите.
Главната опозициска партија во Грција има осум проценти предност пред владејачката левичарска партија, покажа најново истражување на јавното мислење објавено во „Весникот на уредниците“.
Убеденост дека Договорот од Преспа без проблеми ќе добие зелено светло од пратениците во грчкиот парламент, па дури и од некои од Независни Грци, изразува шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕијас во интервју за германскиот весник Франкфуртер Алгемајне Цајтунг.
За можностите за соработка меѓу Македонија и Грција, по потпишувањето на договорот, во областите во негова надлежност, говори министерот за дигитална политика, телекомуникации и медиуми на Грција, Никос Папас во разговор со дописничката на МИА од Атина.
Ардиан Арифај, советник на косовскиот претседател, Хашим Тачи, порача дека целосната нормализација на односите меѓу Косово и Србија подразбира взаемно признавање, кое, според него, „молкум веќе постои и само треба да се формализира“.
Сите видови овошје и зеленчук, кои влегуваат во Косово од други земји, од 18-ти овој месец, како привремена мерка, ќе плаќаат 30 отсто повисока царина од досегашната, јави дописникот на МИА од Приштина.