На дневниот ред на Самитот за Западен Балкан што во вторник ќе се одржи во Лондон, нема да биде потпишана Декларација за формирање на Регионална комисија за утврдување на фактите за жртвите од војните на територијата на поранешна Југославија од 90-тите години на минатиот век (РЕКОМ).
Честитајќи му ја победата на Ердоган, кој победи во првиот круг од претседателските избори на 24 јуни, Вучиќ истакна дека „Србија ќе продолжи да биде достоен партнер на Турција и на нејзиното лидерство“.
- Припадниците на Секторот за вонредни ситуации, заедно со тимовите за цивилна заштита, се на терен и ја следат ситуацијата, со цел по потреба веднаш да дејствуваат, наведе Мариќ.
По завршувањето на Самитот на Кина и земјите од Централна и Источна Европа во Софија, учесниците изразија оптимизам, наведувајќи дека соработката со Кина треба да се зајакне, како и дека треба да се создадат нови можности за инвестиции.
Според весникот, острите внатрешни реакции и долгиот процес на Преспанскиот договор, од една и различните ставови на албанскиот премиер Еди Рама и претседателот Мета, на друга страна, влијаеле на последната политичка одлука на грчкиот премиер, Алексис Ципрас, да го одложи потпишувањето и ратификацијата на договорот со Албанија.
На Самитот „16+1“ во Софија, Србија потпиша три документи со Кина, од кои Комерцијалниот договор за изградба на третата делница на брзата пруга Белград-Будимпешта, од Нови Сад до Суботица е вреден 943 милиони евра.
Како што се наведува во соопштението, изборите ќе бидат распишани во август, а ќе се одржат наесен.
Премиерите на Бугарија и на Србија, Бојко Борисов и Ана Брнабиќ денеска во Софија се заложија за зајакнување на билатералната соработка во сферата на трговијата, енергетиката и инфарструктурата.
Во историјата постојат единствени и неповторливи настани... Наспроти нашето убедување дека историјата се повторува и враќа.
- Со дополнителните финансии од Кина можеме да ги завршиме заедничките проекти, кои во моментов не се на агендата на ЕУ, порача Борисов, нагласувајќи го притоа големиот развоен потенцијал на Западниот Балкан.