- Имаме 90 проценти помалку мигранти денес отколку пред две години. Системите, како што е шенгенскиот информатички систем е оперативен, но проблемот е од политичка природа, оцени Борисов.
Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск денеска му се заблагодари на бугарскиот премиер Бојко Борисов за успешното претседавање со Европска унија, а како најголемо достигнување ја посочи организацијата и резултатите од Самитот ЕУ - Западен Балкан во Софија.
Дачиќ го покажа документот за кој тврди дека е нота на една држава, која ја добил на имаил на 27 јуни, во која се наведува дека таа земја го повлекува признавањето на едностраната прогласена независност на Косово, јави дописникот на МИА од Белград.
Како што јавува дописникот на МИА од Приштина, Пацоли го цитира делот од романот на Ќосиќ „Делби“, каде што тој тврди дека „лагата е српски национален интерес“, што, според шефот на косовската дипломатија, е доктрина според која се води и српскиот министер за надворешни работи.
Владејачката коалиција во Бугарија, државата која месецов го завршува претседавањето со ЕУ, „преживеа“ денеска гласање за недоверба, кое го побара опозицијата, обвинувајќи ја владата на премиерот Бојко Борисов за неуспешна борба против нараснатиот криминал.
Пратеничката на опозициското Движење Самоопределување (ВВ) Албулена Хаџиу поднесе денеска кривична пријава за косовскиот премиер Рамуш Харадинај и 17 други функционери, вицепремиери и министри, кои учествувале во донесуваењто на одлуката за зголемување на сопствените плати.
Три лица се уапсени денеска во Приштина и Скендерај (Србица), а едно во Германија, под сомнение дека извршиле терористички дејствија, јавува дописникот на МИА од Приштина.
Барање за поништување на Договорот од Преспа и барање за поништување на писмата од Грција до НАТО и ЕУ, испратија до Уставниот суд на Грција, Грчката федерација на културните здруженија на Македонците и Пан-Македонските асоцијации на Македонците од дијаспората.
Верувам дека историјата ќе ги оправда прогресивните сили и во двете земји, кои ги надминаа разликите од минатото и заедно создаваат надежна иднина, напиша Алексис Ципрас на Твитер, по состанокот на Европската социјалистичка партија, јави дописничката на МИА од Атина.
Веројатно негативно или сигурно негативно го оценуваат шест од 10 Грци Договорот од Преспа, покажува новото истражување на јавното мислење спроведено од агенцијата „Pulse“ за грчката телевизија Скај.