Потпретседателот на Владата на Косово Енвер Хоџај смета дека влијанието на Русија претставува закана за безбедноста на Балканот, додека спогодбата меѓу Скопје и Атина е придобивка за целиот регион во настојувањата за евроинтеграциите, јавува дописникот на МИА од Приштина.
Грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коѕијас, потврди дека Грција и Албанија се пред финализирање на договорот за морската граница или како што ја нарекува ексклузивната економска зона.
На вонредната прес-конференција, Тачи оцени дека станува збор за „тешка фаза“ во тој процес и оти Приштина не смее да дозволи да „стане Палестина“.
Света Гора смета дека признавањето на македонскиот јазик и македонската националност од страна на грчката држава е „непочитување на историјата и вистината и предавство на националната свест на хеленизмот“.
Калуѓерка од Хрватска со усташки симболи ги мотивира младите да не заминуваат од земјата, наведува порталот Индекс.
Просечната исплатена нето плата во Хрватска за април оваа година изнесуваше 6.220 куни (843 евра), што на месечно ниво е намалена за 1,2 отсто, додека на годишно ниво е зголемена за 3,8 отсто, покажуваат податоците од Државниот завод за статистика (ДЗС).
Европската унија ќе додели околу 30 грантови во висина од по 50.000 евра за проекти за развој на туризмот во шесте економии од Западен Балкан, беше наведено на денешната конференција за промовирање на проектот за „Развој на туризмот во земјите од регионот“ во Сараево.
Шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас, денеска изрази уверување дека Договорот од Преспа ќе биде ратификуван во грчкиот Парламент од мнозинството пратеници, јави дописничката на МИА од Атина.
Триесетиосумгодишна мигрантка од Јордан беше уапсена денеска во Белград под сомнение дека заразила со ХИВ неколку лица, пишува весникот „Блиц“.
Директорите на јавните сервиси на шесте земји од Западен Балкан - од Македонија, Албанија, БиХ, Косово, Црна Гора и Србија, потпишаа денеска во Тирана Меморандум за разбирање, со што се отвора патот за нивна соработка во рамки проект на ЕУ вреден 1,5 милиони евра.