Раководителите на шест национални медиумски јавни сервиси од Западен Балкан (РТСХ, БХРТ, РТК, МРТ, РТЦГ, РТС) денеска во Тирана потпишаа Меморандум за разбирање, кој отвора пат за нивна соработка на проект поддржан од ЕУ вреден 1,5 милиони евра.
Ми имаат испратено куршуми и кутии полни со крв и почва полеана со крв и закани кон мене и моето семејство, откри министерот за надворешни работи на Грција, Никос Коѕијас во интервју за грчкото радио „Њуз247“.
За „грчкиот карактер на Македонија“ и против Договорот од Преспа, граѓаните во Солун вчера одржаа протест пред Министерството за Македонија и Тракија.
Префектурите и општините од северниот дел на Грција бараат да се распише референдум во земјата за Договорот од Преспа, „за да им се даде на граѓаните законското право да го одобрат или отфрлат“.
Лидерот на албанските опозициски демократи Љуљзим Баша доби кривична пријава од координаторот на пратеничката група на владејачката Социјалистичка партија, Таулант Бала, поради клевета.
Албанскиот претседател Илир Мета, реагираше по одлуката за одложување на почетокот на преговорите со ЕУ за јуни следната година, повикувајќи ги сите политички партии на концентрација, одговорност и соработка, за да го положат, како што изјави, испитот следниот јуни.
Министерот за одбрана на Србија, Александар Вулин, доби забрана од косовските власти да присуствува на прославата на големиот српски православен празник Видовден во Газиместан, јавидописникот на МИА од Приштина.
Косовската полиција информира дека ги презела сите потребни мерки по повод утрешното одбележување на православниот празник Видовден, една од најголемите верски слави на Србите, јави дописникот на МИА од Приштина.
Поранешниот претседател на Хрватска Стипе Месиќ изјави дека фотографијата на која е тој се склопени раце како симбол на двоглавиот орел е стара и оти таа не е настаната како знак на поддршка за казнетите фудбалери од репрезентацијата на Швајцарија.
Лидерот на албанската опозициска Демократска партија Љуљзим Баша, коменирајќи ја одлуката на Советот на Европската унија рече дека преговорите не се отворени, туку дека Албанија ќе може да почне преговори во јуни 2019 година доколку ги исполни условите.