Посакувам договорот од Преспа да се имплементира и да биде светол пример за решавање на проблемите во нашиот регион, рече шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас во говорот на почетокот на Конференцијата за стабилност и безбедност на Родос.
Тој додека дека очекува за време на состанокот за безбедност во Салцбург, закажан за септември да биде постигнати решенија поврзани со миграцијата.
Коалициониот партнер во грчката влада, Независни Грци, не отстапува од барањето, Договорот со Македонија, во грчкиот парламент да се ратификува со зголемено мнозинство од 180, наместо 151 пратеник.
Алексис Ципрас на соседната земја и отстапи нешто за кое ниедна претходна влада немаше разговарано: македонската националност и македонскиот јазик, рече лидерот на Нова демократија Киријакос Мицотакис од Кукуш.
Како влада, ќе направиме сѐ што е можно, сѐ што е во наши раце, со преговарачки, дипломатски и политички средства, со контакти за да се смени оваа негативна разврска за земјата по Договорот.
Лидерот албанската опозициска Демократска партија, Љуљзим Баша, изјави дека премиерот Еди Рама „си става сам вето за да донесе 600 илјади Сиријци во Албанија“ со надеж дека Европа ќе заборави на дрогата.
Заменик министерот за надворешни работи на Грција Јанис Аманатидис ги повика Грците да го прочитаат договорот и сами да формираат мислење дали тој е добар како што тврди владата или не.
Позитивно, но со проблематични делови, го оценува договорот од Преспа, лидерот на грчката партија Демократска левица, Танасис Теохаропулос, во интервју за грчката телевизија „Скај“.
Шефицата на канцеларијата на Европската унија во Приштина, Наталија Апостолова, упати остри критики на одлуката за зголемување на платите на премиерот и другите членови на Владата, која беше поддржана и од Уставниот суд, кој утврди дека не биле прекршени законите.
Познатиот косовски публицист Ветон Сурои ги советува политичарите во неговата земја да престанат со ветувањата дека ќе има визна либерализација, бидејќи тоа нема да се случи годинава, јави дописникот на МИА од Приштина.