Бројот на мигранти кои побарале азил во БУгарија од почетокот на годината е речиси за трипати помал во споредба со втората половина од 2017 година, јави БТА.
Многу пратеници во косовското Собрание, покрај прилично високите плати, доста добро заработуваат и од дневниците за службени патувања, и тоа повеќе кога одат во Албанија или Црна Гора одошто на далечните континенти, објави денеска косовската опозициска Социјалдемократска партија (ПСД), најавувајќи интерпелација за оваа појава.
Србија никогаш нема да ја признае косовската независност, изјави српската премиерка Ана Брнабиќ и истакна дека тоа не би бил компромис за кој се залага Белград, а кој не би бил можен кога Србија и понатаму би инсистирала на тоа дека Косово е нејзин составен дел.
Договорот има слабости, но во ова време е корисен за да го спречиме походот на Турците и да им го покажеме патот кон Европа на соседите, вели лидерот на партијата Река, Ставрос Теодоракис во интервју за информативниот портал „Иефимерида“
Косовската полиција попладнево ги демантира наводите дека во Приштина е киднапирана новинарка на Албанската радио-телевизија. Според нив, првичните информации, објавени во медиумите, биле резултат на забуна од страна на самата полиција, јавува дописникот на МИА од Приштина.
Новинарка на Албанската радио-телевизија (ТВШ) можно е да е киднапирана денеска во Приштина, информираат косовските медиуми пренесувајќи извештај на косовската полиција.
Димитрис Куфодинас еден од основачите на терористичката организација „17 Ноември“, која над 25 години сееше страв во Грција, и е осуден 11 пати на доживотен затвор за 11 убиства, денеска доби нова, трета по ред 48-часовна дозвола за излез од затвор.
Откако го отстраниле заштитното железо од прозорец и направиле мала дупка, тројца албански државјани, уапсени за низа кражби, во шест часот и 30 минути, утрово побегнаа од полициска станица во Атина.
Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска потврди дека добил покана за продолжување на дијалогот со Приштина и оти во недела ќе се сретне со Хашим Тачи.
Албанија веќе станува транзитна земја за нелегалните имигранти од Блискиот Исток, ако се има предвид бројот на откриени случаи во изминатиот период од годинава.