Да запаметите дека со договорот го затворивте привремено, не го решивте прашањето и оттука па натаму, отворате уште полоши проблеми, рече поранешниот грчки премиер Андонис Самарас, обраќајќи се до Алексис Ципрас, за време на обраќањето во грчкиот парламент.
„Не“ за договорот велат 68.3 отсто, а „не“ за името Македонија 73,2 отсто од испитаниците во новото истражување на јавното мислење во Грција, спроведено од агенцијата „Marc“ за весникот „Прото тема“.
Доколку Европската унија побара изградба на камп за бегалци или за балканските повратници од ИД во Албанија под услов да започнат преговорите,тоа би било лудост, смета Сандер Леши, советник на премиерот Еди Рама за безбедносни прашања.
Пратеникот од Златна Зора, Константинос Барбарусис кој вчера од парламентот повика на воен пуч, се уште не е уапсен, а полицијата од доцна синоќа, кога успеал со автомобил да им побегне, уште трага по него, јави дописничката на МИА од Атина.
- Сите вие што ќе гласате „не“ за предлогот за недоверба, гласате „да“ за правна регистрација на соседите, не да се самоопределуваат како Македонци, туку да се признаваат како Македонци од сите. И од Грција, задолжително, рече Мицотакис.
Со обраќањето на грчкиот премиер Алексис Ципрас заврши тридневната расправа во парламентот по иницијативата на опозициската Нова демократија за гласање недоверба на владата.
Во српскиот главен град има најмалку 96.647 жени кои немаат партнер и некои од причините за тоа се што мажите често мигрираат, млади умираат, а жените во се поголем број се доселуваат во престолнината.
Шефицата на бугарската дипломатија Екатерина Захариева денеска во Градскиот парк во Скопје, каде учествуваше на отворањето на фестивалот One love tour 2018 изрази увереност дека по потпишувањето на договорот за името меѓу Македонија и Грција
Во 16 часот по локално време, ќе се одржи нов протест пред грчкиот парламент, под мотото „Состанок со историјата“, во организација на „Комитетот за одбрана на грчкиот карактер на Македонија“.
Јасна поддршка за Владата во пресрет на гласањето недоверба, но и јасна порака против договорот со Македонија испрати лидерот на Независни Грци и министер за одбрана Панос Каменос преку неговиот Твитер профил.