Фотографиите од Струмица, објавени вчера на социјалните мрежи од премиерот Зоран Заев и министерот за надворешни работи Никола Димитров, не останаа незабележани од грчките медиуми, кои ги толкуваат како порака од Скопје до Атина.
Мешовита комисија што ќе врши истрага за случаите со исчезнати бебиња, а во која се претставници од државни институции и родители на деца кои се сомневаат дека децата им се исчезнати од породилишта, почнува со работа.
- Со заедничка изјава, Министерството за надворешни работи на ПЈРМ и Владата на земјата им ставија крај на сценаријата објавени во медиумите кои говореа за разлики меѓи премиерот Зоран Заев и министерот за надворешни работи, Никола Димитров, пишува онлајн изданието на весникот „Катимерини“.
Српскиот претседател Александар Вучиќ, по повод протестите ширум Србија поради високите цени на горивата, денеска изјави дека „секој може да протестира, но притоа да не го крши законот“, обвинувајќи ја притоа опозицијата дека стои зад протестите.
Косовскиот премиер Рамуш Харадинај смета дека единствениот начин да се затворат прашањата меѓу Косово и Србија е помирувањето на двата народа и признавањето на независноста на Косово од страна на Белград, јавува дописникот на МИА од Приштина.
Повеќето косовски медиуми денеска, со различни прилози, потсетуваат на годишнината од, како што наведуваат, капитулацијата на Србија по дваиполмесечната воена кампања на НАТО во 1999 година, јавува дописникот на МИА од Приштина.
Во Косово денеска е прогласен ден на жалост поради смртта на легендата на косовскиот фудбал Фадиљ Вокри, кој почина вчера од срцев удар на 58-годишна возраст.
Поранешниот албански претседател, Бујар Нишани обвини дека Владата на премиерот Еди Рама се подготвува за манипулација на изборите.
Оптимизам дека македонскиот премиер ќе го направи „решителниот чекор“ и ќе се постигне договор, изразува портпаролот на грчката влада и министер без ресор, Димитрис Ѕанакопулос во интервју за грчкиот весник „Неа селида“.
Грчката полиција уaпсила седум Албанки кои година ипол краделе во супермаркетите во Атина.