Владеачките албански социјалисти сметаат дека на земјата не и се потребни предвремени парламентарни избори.
Албанскиот премиер, Еди Рама, кој присуствуваше на Нациналниот саем за вработување во градовите Фиер и Лушња, на пристигнување беше пречекан со протести.
Албанскиот претседател Илир Мета денеска престојуваше во Пустец, Мала Преспа, или како што секогаш знае да каже, „меѓу прекрасната македонска заедница“.
По информациите кои ги објавуваат медиумите, дека во Албанија ќе биде изграден голем камп за бегалци од блискоисточните земји, реагираше албанската опозиција произнесувајќи се дека е против тоа.
Треба да избегаме од фобиите и духовите од минатото и динамично да ја видиме иднината, вели грчката министерка за административна реконструкција, Олга Геровасили во интервју за грчката новинска агенција АНА- МПА, во однос на разговорите за спорот со името.
Федералниот хидрометеоролошки завод издаде портокалов метеоаларм за северните региони на Босна и Краина, каде што денеска се очекува невреме со дожд и грмотевици, а на некои места и град.
Претседателот на Република Српска Милорад Додик смета дека во овој ентитет на Босна и Херцеговина треба да биде усвоен закон за јавни работи на непрофитните организации.
Претседателот на Србија Александар Вучиќ е изложен на брутални закани од Запад поради на Косово, пишува „Српски телеграф“, наведувајќи дека западните сили го уценуваат Вучиќ да го прифати нивното решение за Косово, а во спротивно ќе пласираат афера во врска со неговиот брат.
Силно невреме ја зафати денеска Словенија и источна Хрватска, а во текот на вечерта се очекува облаците да се поместат кон исток.
Лидерите на двата албански синдикати сe степаа на телевизиската дебата која се емитуваше во живо.