Лекај синоќа во интервју за ТВ Дукаѓини рече дека работите на овој проект првично било предвидено да завршат до 1 јануари годинава.
Грците ќе дадат уште една битка за грчкиот карактер на Македонија, пишуваат од „Комитетот за борба за грчкиот карактер на Македонија“, организаторите на денешните протести во повикот до граѓаните објавен на социјалните мрежи.
Шпанија и некои од земјите на Вишеградската група на состанокот на членките на Службата на ЕУ за надворешна политика, одржан во Брисел, изразиле незадоволство затоа што не се вклучени во процесот на дијалогот меѓу Белград и Приштина, тврди белградскиот весник „Блиц“.
Грчкиот архиепископ Јеронимос смета дека прашањата, како што е она со спорот со името, не се решава со протести, јави дописничката на МИА од Атина.
Според Красниќи, Владата ја „почестила“ „Бехтел Енка“ со 53 милиони евра, без да објасни како се дошло до таа сума, односно „како Владата успеала од наводните 63 да го намали долгот на 53 милиони евра?“.
Подготвен сум на Србија да и ја доставам целокупната документација што ја поседувам за „тивкото свирепо убиство“ што го изврши НАТО со осиромашен ураниум, изјави еден од основачите на италијанската организација „Воена опсерваторија“, Доменико Лаџеро.
Пораката дека Македонија е една и грчка, планираат да ја испратат граѓаните кои денеска ќе учествуваат на протестите за „грчкиот карактер на Македонија“ што организирано и паралелно ќе се одржат во 13 градови од Северна Грција, според изјавите на организаторите за грчките медиуми.
Во селото Шиjон, кај албанскиот град Елбасан денес беше одбележан патронот на манастирот „Св.Јован Владимир“, каде што се верува дека пред векови започнала православната вера на овие простори.
Големи протести за утре се најавија во повеќе градови во Грција, во врска со можното решение за проблемот што Грција го има со нашето име.
Уставни измени, отстранување на иредентизмот, заемно прифатливо име ерга омнес, без македонска националност и македонски јазик, се условите за решение на прашањето за името, според лидерот на грчката опозициска Нова демократија, Кирјакос Мицотакис.