Решението што ќе се постигне треба да биде добро решение, бидејќи, во спротивно, ние како влада одново ќе преговараме, вели одговорниот за надворешна политика во грчката опозициска партија Нова демократија, Јоргос Кумуцакос.
Хрватската компанија Техникс во Долни Краљевац им позајмила на работниците вкупно 250.000 куни (околу 34.000 евра) или поединечно од 5.000 (околу 680 евра) до 25.000 куни (околу 3.400 евра) за да ги отплатат долговите, поради кои биле блокирани од банките, пишува „Вечерњи лист“.
Владата да не даде однапред зелено светло за интеграција на Скопје во НАТО и ЕУ, а усогласувањето на договорот во иднина да биде на рати, ѝ порачуваат на грчката Влада од опозициската Нова демократија.
За уставни промени и ерга омнес решение потребна е смела одлука од премиерот Заев за да има договор, вели алтернативниот министер за надворешни работи на Грција, Јоргос Катругалос во интервју за грчкото радио „Њуз247“
Министрите за надворешни работи направија особено голем напредок, би можеле да кажеме дека се наоѓаме во финална линија, но никој не може да го предвиди исходот во толку сложени преговори.
Како што пренесуваат хрватските медиуми, прашање на време е кога и во Хрватска ќе избувне епидемија, која во Србија годинава однесе петнаесетина животи.
Две семејства од Турција и Бугарија ќе бидат поврзани преку заемна трансплантација на два бубрега, објави турскиот весник „Сабах".
Грчката телевизија „Скај“ објави дека прашањето со ерга омнес и понатаму е разликата во позициите на двете страни.
Косовскиот министер за инфраструктура Паљ Лекај најави дека претпладнево, околу 9:00 часот, ќе биде отворен за сообраќај патот Приштина-Скопје, кој поради градежни работи беше затворен на потегот меѓу Качаник и Генерал Јанковиќ.
Актуелниот словенечки премиер Миро Церар изјави дека на парламентарните избори во недела очекува позитивен резултат.