Министрите за надворешни работи завршија со нивниот дел, преговорите продолжуваат на експертско ниво, а кога ќе завршат и тие, текстовите подготвени од министрите ќе бидат во рацете на премиерите за конечен договор, вели шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас.
Административниот суд во Тирана пресуди во корист на Македонците во Албанија, поништувајќи ја одлуката на Комесарот за заштита од дискриминација и му наложи на истиот да ја разгледа жалбата против министерот Бушати, кој Македонците ги нарече "Славо-Македонци".
За 6 јуни во 19.30 часот, организаторите на протестите за „грчкиот карактер на Македонија“, закажаа нови, паралелни демонстрации низ повеќе градови во Грција, јави дописничката на МИА од Атина.
По активностите во Брисел и учеството на Советот за надворешни прашања на ЕУ, шефот на грчката дипломатија денес попладне заминува за Германија каде што ќе биде примен од претседателот Франк Валтер Штајнмаер, додека пак утре ќе се сретне со неговиот германски колега.
Бугарската агенција за безбедност на храна соопшти денеска дека на фарма за патки во село на севроисток во државата е регистрирана епидемија на птичји грип.
Доколку имам политичка одговорност, спорот со името ќе се реши кога ќе оценам дека тоа решение ќе им служи на националните интереси, вели претседателот на грчката опозициска Нова демократија во интервју за грчката телевизија „Скај“.
Гром удри во меѓуградски автобус во североисточна Грција, предизвикувајќи пожар од кој возилото целосно изгорело, соопшти противпожарната служба на грчкиот град Алескандруполис.
Грција не ја смета Русија за непријателска сила и не гледа никаква закана од Москва за Балканот, изјави грчкиот алтернативен министер за надворешни работи Јоргос Катругалос.
Политичарите се должи да бараат компромиси, кои ќе им донесат корист на нивните народи, изјави денеска бугарскиот премиер Бојко Борисов на средба со неговиот украински колега во Володомир Гројсман во Киев.
Неколку ијлади сипатизери и приврзаници на албанската опозиција се сообра денеска на антивладини протести во Тирана, од кои се побрани оставки на албанскиот премиер Еди Рама и на министерот за внатрешни работи Фатмир Џафај.