- Србија мора ова да го искористи и сигурен сум дека ќе го искористи овој нов потик, но потребен е понатамошен политички напор за да се спроведат реформите во областа на владеењето на правото и во областа на правосудството, потенцираше Мекалистер,
Молкот од гршкиот премиер Алексис Ципрас за „Илинденска Македонија“ создава загриженост кај Грците во однос на тоа дали предлогот е сѐ уште на преговарачката маса, смета потпретседателот на грчката опозициска партија, Нова демократија Костис Хаѕидакис.
Околу 250 мигранти денеска на околу еден час блокираа автопат во близна на Солун, изразувајќи го на тој начин своето незадоволство од условите во мигрантскиот центар во кој се сместани.
Со шест килограми и 560 грама хероин, спакувани во 13 пакети и скриени во шасијата на автомобилот, двајца странски државјани, доцна синоќа беа уапсени на влезот на грчкото пристаниште Игуменица, соопштуваат од грчката крајбрежна служба.
Со четири имиња на маса, ќе започне средбата Коѕијас-Димитров-Нимиц, бидејќи Атина го одби предлогот „Република Илинденска Македонија“. Потребно е да се најде сложено име што ќе „помине“ и во двете земји, пишува порталот „Њуз247“.
„Република Илинденска Македонија“ е симбол и олицетворение на иредентизмот според грчките опозициски партии Нова демократија и Демократската коалиција.
Решенија се решенијата со компромис, другата страна да има прагматизам и реализам за да најде решение, вели грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕијас по средбата со генералниот секретар на ОН, а во пресрет на денешната нова рунда разговори со неговиот македонски колега и медијаторот Нимиц.
Франција денеска упати охрабрување до властите во Македонија и Грција за продолжување на напорите за постигнување решение за името што се водат под покровителство на ОН, со цел постигнување на долгоочекуваниот договор.
Грчкиот претседател Прокопис Павлопулос имаше успешна операција на срцето, јави ТАСС.
Русија сака да ги унапреди односите со Европската унија поради нивната важност, а не поради несогласувањата меѓу ЕУ и САД околу иранскиот нуклеарен договор, изјави денеска портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.