Околу 250 мигранти денеска на околу еден час блокираа автопат во близна на Солун, изразувајќи го на тој начин своето незадоволство од условите во мигрантскиот центар во кој се сместани.

Учесниците на протести во најголемиот број беа Курди сместени во мигрантскиот центар „Диавата“, западно од Солун, каде чекаат на одговор на нивните барања за азил.

Протестот предизвика застој во сообраќајот и формирање на километарски колони од возила.

Кампот „Диавата“ има капацитет за прием на 750 лица, но во него во моментов се сметени околу 1.850 мигранти, кои во Грција илегално простигнале од Турција.

Според хуманитраните организации, во центарот „Диавата“ повеќе нема слободни кревети за сместување на нови лица, па новодојдените мигранти спијат на под или во шатори надвор од објектот.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/05/2018 21:04