Грчкиот претседател Прокопис Павлопулос имаше успешна операција на срцето, јави ТАСС.
На денешната интервенција, лекарите му вградија стент на 67-годишниот шеф на државата.
Операцијата беше направена во кардиолошкиот центар во Атина.
Прокопис Павлопулос се очекува да се врати на своите работни обврски уште во текот на утрешниот ден.