Еврокомесарот за проширување и добрососедска политика, Јоханес Хан, на маргините на Самитот ЕУ-Западен Балкан, денеска од Софија, изрази оптимизам дека Македонија и Грција ќе го решат спорот за името. Но, тој не сакаше да дава прогнози за евентуалната временска рамка.
Верувам дека Грција и Македонија наскоро ќе го решат спорот за името. Ја имате нашата поддршка уште повеќе и од времето на владеењето на БСП, изјави лидерката на бугарската опозициска партија БСП, Корнелија Нинова за време на средбата на левичарските лидери и премиери од ЕУ и Западен Балкан.
Според него, оценувањето на достигнувањата на земјите-кандидатки треба да биде објективно и доследно, што досега Унијата не била толку принципиелна во тој поглед.
Германската канцеларка Ангела Меркел нагласи денеска дека во интерес на Европа е Западен Балкан да биде безбеден и економско добро да се развива.
Земјите од регионот мора напорно да работат за да се интегрираат во ЕУ, изјави денеска на прес-конференција на Самитот ЕУ-Западен Балкан во Софија, претседателот на Европскиот Парламент Антонио Тајани.
Европскиот комесар за преговори за проширување на ЕУ, Јоахнес Хан денеска во Софија изјави дека е оптимист кога станува збор за поттикнување решение од дијалогот Белград- Приштина.
Лидерите на Европска унија и земјите членки на ЕУ, во консултација со партнерите од Западен Балкан денеска во Софија усвоија Декларација во 17 точки, со кои е повторена недвосмислената поддршка за европската перспектива на регионот.
- Сите разбираат колку е важен Западен Балкан и затоа 15 години по средбата во Солун имаме можност денеска да разговараме за таа тема, изјави Борисов пред средбата на врвот.
Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) е подготвена да им позајми повеќе средства на земјите од Западен Балкан и да им помогне да ги спроведат реформите за да можат да привлечат повеќе инвестиции додека бараат пристап во Европската унија.
Комплетно решение со ерга омнес име и уставна промена, се предусловите за договор меѓу Македонија и Грција, според лидерот на грчката опозициска Нова демократија, Кирјакос Мицотакис кој е во Софија на Самитот на европските народни партии.