Германската канцеларка Ангела Меркел нагласи денеска дека во интерес на Европа е Западен Балкан да биде безбеден и економско добро да се развива.

По доаѓањето на Самитот ЕУ - Западен Балак во Софија, таа рече дека денеска се разговара за Западен Балкан и оти премиерот на Бугарија Бојко Борисов доволно работел за време на претседавањето на ЕУ за приближување на тој регион кон Унијата.

- Со цел мир и безбедност за сите нас важно е да имаме безбеден Балкан што економски добро ќе се развива, нагласи Меркел.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/05/2018 13:57