Весникот „Катимерини“ ја пренесува изјавата на шефот на грчката дипломатија дека Атина направила отстапки и дека сега е Македонија на ред да ги направи нејзините отстапки, но и дека не ја исклучи можноста за нова средба на премиерите на двете земји.
До крајот на 2020 година се очекува да биде готов патот кон граничниот премин „Клепало" меѓу Бугарија и Република Македонија, најави синоќа, за време на парламентарната контрола бугарскиот министер за регионален развој и јавни работи Николај Нанков.
Договорот за демаркација на границата беше потпишан во август 2015 година и тој беше веднаш ратификуван од страна на Црна Гора, но неговата ратификација во косовското Собрание се одолговлече.
Претседателката на српското Собрание, Маја Гојковиќ денеска предложи формирање на Комисија, која ќе има задача да ги истражи последиците по здравјето на граѓаните на Србија од нападите на НАТО врз земјата во 1999 година.
Со уставна промена, за да се обезбеди ерга омнес, Скопје нема да се вика Република Македонија, ќе се вика поинаку, вели лидерот на грчката опозициска партија Нова демократија, Киријакос Мицотакис
На самитот на ЕУ- Западен Балкан во Софија, што ќе биде одржан на 17 мај, може повторно да биде активирана иницијатива и потпишан договор за укинување на роаминг на сите земји од Западен Балкан. Тоа го изјави за Танјуг српскиот министер за трговија, туризам и телекомуникации Расим Лајиќ.
Мислењата за неговата улога и дело се спротивставени. За едни тој е симбол на социјална правда, подобар и посигурен живот, голем надворешно-политички углед, а за други диктатор со огромна политичка моќ кој се пресметувал со политичките неистомисленици.
Тим од Европската унија денеска пристигна во тридневна посета на Косово, за да утврди дали земјата ги исполнува критериумите за визна либерализација за косовските граѓани при патување во ЕУ, јави косовската телевизија РТК.
ако што јави дописникот на МИА во Брисел, Европската комисија во нацрт-буџетот предлага зголемување на средставта за претпристапните фондови за следниот финансиски период од 2021 до 2027 година од 11 на 14,5 милијарди евра.
За Србија и осум други земји, Советот на Европа покрена постапка поради „во целост незадоволителното“ спроведување на препораките за спречување на корупцијата меѓу пратениците, судиите и обвинителите.