Косовскиот претседател Хашим Тачи денеска го потпиша Указот за стапување во сила на Законот за ратификација на Договорот за демекракација на границата меѓу Косово и Црна Гора, чие усвојување беше еден од условите за укинување на визниот режим за патување на косовските граѓани во ЕУ.

Договорот за демаркација на границата беше потпишан во август 2015 година и тој беше веднаш ратификуван од страна на Црна Гора, но неговата ратификација во косовското Собрание се одолговлече.

Опозицијата прво со употреба на солзавец ги прекинуваше седниците на кои требаше да се гласа за ратификацијата, а потоа владејачката коалиција подолг период не можеше ди го обезбеди неопходното двотретинско мнозинство за усвојување на Договорот.

Конечно минатиот месец косовското Собрание го ратификуваше Договорот и со денешниот указ на Тачи тој и офицојално стапува во сила.

Противниците на договорот обвинуваат дека со него Косово и отстапило дел од својата територија на Црна Гора, што властите го негираат.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/05/2018 14:34