На средбата со албанскиот претседател Мета изразено е заедничко задоволство од посетата на рускиот патријарх Кирил на Албанија, како и добрата соработка со албанската афтокефална првославна црква.
Во следните неколку години во Белград ќе бидат изградени 54 фонтани и секоја од нив ќе претставува мало уметничко дело, изјави денеска менаџерот на градот Белград, Горан Весиќ.
Српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ изјави дека политиката на Србија кон Хрватска во иднина ќе биде заснована на принципот на реципроцитет и дека Белград ќе возврати со иста мерка доколу Загреп одлучи да го повлече својот амбасадор.
Во последните 20 дена, атмосферата во разговорите за името во ништо не потсетува на насмевките и оптимизмот што првично ги испраќаа пред и по средбата на Алексис Ципрас со Зоран Заев во Давос минатиот јануари.
Од за сега непознати причини, доцна синоќа се случиле инциденти меѓу бегалци и мигранти во прифатниот центар Мориа на грчкиот остров Лезбос.
Ставовите и поддршката за Македонија од претседателот на Европскиот совет, но и употребата на македонскиот јазик од страна на Доналд Туск, се темите во прашањата што европратеничката од грчката опозициска Нова демократија, ги упатува до претседателот на EK.
Косовскиот претседател Хашим Тачи изјави за РТК дека е загрижувачки што Србија го има уапсено српскиот припадник на Безбедносните сили на Косово (БКС), Милош Шошиќ, на граничниот премин Кончуљ, во близина на Бујановац.
Претседателот на Србија Александар Вучиќ добил покана од рускиот претседател Владимир Путин за посета на Москва, која би требало да се реализира на 8 и 9 мај, пишува „Блиц“.
Високата руска црковна делегација вчера на меѓународниот аеродром во Тирана беше пречекана од поглаварот Јанулатос, придружуван од членови на Светиот Архиерејски Синод, како и претставници на руската амбасада во Тирана.
Патријархот московски и на цела Русија Кирил, кој вчера допатува во прва посета на Албанија, денеска, заедно со поглаварот на Албанската афтокефална православна црква (ААПЦ) Анастас Јанулатос, ќе чиноначалствува со литургија во соборниот храм „Воскресение Христово“ во Тирана.