Претседателот на Србија Александар Вучиќ добил покана од рускиот претседател Владимир Путин за посета на Москва, која би требало да се реализира на 8 и 9 мај, пишува „Блиц“.
Според весникот, овие два датума се опција со оглед на тоа дека претходно е закажана посетата на Вучиќ на Турција за 7 мај.
Медиумите последните денови пишуваа за тоа дали Вучиќ ќе добие покана за инаугурацијата на Путин, која е планирана за 7 мај.