Дописничката на МИА од Атина, поразговара со авторите на книгата, како за содржината, така и за последните случувања во македонско –грчките односи.
Поранешниот претседател на Европскиот совет, Херман Ван Ромпој во емисија на Франс 24 предупреди дека се можни немири во регионот од поранешна Југославија без интеграција во ЕУ.
Хрватското Министерство за надворешни и европски работи соопшти дека српскиот министер за одбрана Александар Вулин засега не е добредојден во Хрватска.
Раширената корупција во сите сектори на власта, ограничувањата на слободата на изразување и медиумите, вклучувајќи ја и автоцензурата и заплашувањето на новинарите, предизвикани од финансиски и политички интереси, се само дел од забелешките на Стејт департментот.
Стејт департмент во својот годишен извештај за човековите права во светот проценува дека недостатокот на независност во судството, корупцијата, мешањето во приватноста, трговијата со луѓе и насилството врз припадниците на ЛГБТ заедницата се најголемите проблеми во остварувањето на човековите права во Србија.
Претседателот на Црна Гора Мило Ѓукановиќ рече дека во неговиот нов мандат има намера да се позанимава со подобрување на односите со Русија.
Ако Собранието во Приштина ја усвои платформата на власта, во која се предвидува разговорите со Белград да завршат со меѓусебно признавање и се спомнува столот во ОН, нашата страна тоа ќе го третира како еднострано прекинување на дијалогот и „повеќе нема да седи на маса", пишува „Новости“, повикувајќи се на свои извори.
На предлог на косовскиот претседател Хашим Тачи, а со согласност на премиерот Рамуш Харадинај, за нов директор на косовската тајна служба АКИ е именуван Шпенд Маџуни.
Шефот на еврогрупата Марио Сентено изјави дека Еврозоната и Меѓународниот монетарен фонд на овонеделните состаноци во Вашингтон ги разгледуваат опциите за идно отпишување на долгот на Грција.
Со прекин на снабдувањето со електична енергија, грчкиот синдикат ќе почне со протести поради најавената приватизација на електроцентрали и јагленокопи во државата, објави Катимерини.