Шефот на еврогрупата Марио Сентено изјави дека Еврозоната и Меѓународниот монетарен фонд на овонеделните состаноци во Вашингтон ги разгледуваат опциите за идно отпишување на долгот на Грција, но не размислуваат за никакво продолжување на спасувачката програма за Атина.
- Нема преговори за таквите прашања како што е продолжување на грчката програма. Грчките власти се многу фокусирани на излегување од програмата и тоа да заврши до август, истакна Сентено на маргините на пролетната седница на ММФ и Светската банка во Вашингтон.
Претходно, во медиумите се појавија шпекулации дека Грција би можела да добие нова специјална кредитна линија од спасувачкиот фонд на еврозоната, откако на 20 август ќе излезе од актуелната програма.