Прозорецот на можност е отворен, но топката е на страната на соседната земја, ако излезе во пресрет ќе има договор, смета алтернативниот министер за надворешни работи на Грција, Јоргос Катругалос
Изнаоѓање заемно прифатено решение за името, заведено во Уставот и за севкупна употреба, е во интерес и на Грција, смета претседателот на грчкиот Парламент Никос Вуцис.
Решавањето на спорот за името на Македонија може да се постигне пред одржувањето на седница на Европскиот совет во јуни, кога лидерите ќе ја разгледуваат препораката за почеток на преговори за членство во Унијата со Скопје.
Заедницата на српски општини (ЗСО) ќе биде формирана врз основа на одлуката на Уставниот суд на Косово, а ултиматумот на Српската листа дека ако Владата не превземе конкретни чекори.
Грчкиот Уставен суд денеска донесе одлука за ослободување од притвор на еден од осумтемина турски војници, кои пребегаа во Грција по неуспешниот обид за воен удар во Турција во јули 2016 година.
Европската Комисија се уште не е во можност да соопшти дали шпанскиот премиер Мариано Рахој, ќе учествува на Самитот за Западен Балкан, што ќе се одржи во Софија на 17 мај.
Косовската Влада денеска усвои Платформа за политичкиот дијалог со Белград и ја достави на одобрување до Собранието на Косово.
Најголемата грчка опозициска партија, конзервативната Нова демократија (НД), според истражувањата на јавното мислење, и натаму е најпопуларна политичка сила во Грција, но нејзината предност пред владејачката Коалиција на радикалната левица (СИРИЗА) се намалува.
Анкетата на ALCO за News247, била спроведена од 11 до 16 април, преку телефонски интервјуа, а биле вклучени 1000 испитаници.
Оптимизмот изразен од Могерини и Заев дека може да се најде решение на името се најде во фокусот на грчките медиуми во извештаите за вчерашната средба на македонскиот премиер со високата претставничка за надворешна политика на ЕУ и комесарот за проширување.