Европската Комисија се уште не е во можност да соопшти дали шпанскиот премиер Мариано Рахој, ќе учествува на Самитот за Западен Балкан, што ќе се одржи во Софија на 17 мај.

За Мадрид е проблематично присуството на собирот на претседателот на Косово, чија незавиосност не ја признава, поттикнат од внатрешниот конфликт со шпанскиот регион Каталонија, кој бара независност од Шпанија.

Повеќе дипломатски извори во Брисел наведуваат дека сегашната позиција е пто Рахој би дошол само на вечерата пред почетокот на Самитот.

Европската комисија засега нема одговор на прашањето колку е важно учеството на Рахој на средбата.

- Ова е многу важен Самит кој ќе се однесува на поврзувањеро на регионот, кусо изјави портпарол на Еврокомисијата без да влегува во детали околу ова чувствително политичко прашање.

Како што јави дописникот на МИА, нејасна е исто така и формата на документот кој треба да произлезе од Самитот ЕУ-Западен Балкан, бидејќи „одредени земји членки“ не сакаат да потпишат документ кој ќе биде истовремено потпишан и од косовскиот претседател Хашим Тачи.

Една од варијантите е документот да биде потпишан од 28-те земји членки на ЕУ, но не и од страна на државите од регионот.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/04/2018 10:50