Српски воен авион од типот „Супер Галеб Г-4“ се урна утрово во близина на местото Ковачица во јужен Банат, при што загина еден од пилотите, а вториот е во критична состојба.
Пред целосно да завршат преговорите не можеме да кажеме дека постои договор и само едно прашање да остане отворено може да нема решение, вели алтернативниот министер за надворешни работи на Грција, Јоргос Катругалос, во интервју за грчкото радио „Сто кокино“.
Медијаторот Метју Нимиц им испратил писмо на шефовите на дипломатиите на Македонија и Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас.
Косовскиот премиер Рамуш Харадинај изјави дека Албанците во Црна Гора на неделните претседателски избори треба да излезат и да гласаат за кандидатот на владејачката Демократска партија на социјалистите (ДПС), Мило Ѓукановиќ.
Српскиот претседателот Александар Вучиќ изјави дека Заедницата на српски општини (ЗСО) во Косово ќе биде формирана во согласност со Бриселскиот договор.
За седум српски државјани, кои се меѓу деветмината обвинети за убиството на американскиот Бакари Хендерсон на грчкиот остров Закинтос, во обвинителниот акт се бара доживотен затвор, објави денеска српскиот весник „Политика“.
Директорот на косовската тајна служба (КИА) Дритон Гаши поднесе оставка, две недели по апсењето на шестмина турски државјани на Косово, пишува приштинскиот портал Зери.
Косовскиот министер за правда Абелард Тахири изјави дека косовскиот правосуден систем има капацитет да почне со вршење на своите должности согласно законот, без потреба од извршна мисија како што е Еулекс.
Србија се занимава со политика на мирот, и нема да се занимава со пушки, изјави денеска српскиот претседател Александар Вучиќ во одговор на заканите од косовскиот претседател Хашим Тачи.
Косовскиот претседател Хашим Тачи изјави денеска дека на „заканите од Србија“ ќе биде одговорено со „пушки“.