Билатералната и регионалната соработка беа главна тема на денешната средба во Мостар на српскиот претседател Александар Вучиќ и бугарскиот премиер Бојко Борисов.
Шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас денеска ја започнува мини балканската турнеја, а во четврток, 12 април, во Охрид ќе се сретне со неговиот македонски колега Никола Димитров.
Директорот на српската владина Канцеларија за КиМ, Марко Ѓуриќ, кој пред 12 дена беше приведен и депортиран од Косово, денеска ќе замине повторно за северно Косово да присуствува на полноќна Велингденска литургија во манастирот Бањска.
Министерот за надворешни работи на Србија Ивица Дачиќ изјави дека Приштина би прифатила предлог за поделба на Косово ако со нив се разговара без ментори.
На Македонската православна црква треба да и помогнеме мудро, без повторно да влеземе во раскол. Ова го изјави Ловчанскиот митрополит Гаврил, кој беше гостин на Велики петок на бугарската приватна телевизија БТВ.
Српскиот претседател Александар Вучиќ следниот петок на 13 април ќе се сретне со германската канцеларка Ангела Меркел, на нејзина покана, вторпат во рок од месец и пол, потврдија од кабинетот на Вучиќ.
Тој додаде, како што јавува дописникот на МИА од Белград, дека во наредните денови ќе се завршат „одредени технички детали“ како и потпишување на договор со Белорусија за набавка на нови авиони Миг-29.
Ако не се постигне целосен договор, ќе падне предлог Скопје да стане набљудувач во НАТО, предвидува пратеникот од грчката опозициска партија Нова демократија и потпретседател на грчкиот парламент, Никитас Какламанис, во интервју за грчкото радио 247.
Информативните портали In и Eurotoday објавија дека во кабинетот на Ципрас постои дебата за тоа договорот да пристигне во Парламентот, но да биде усвоен од 180 пратеници.
Од прес-службата на шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас, реагираат на соопштението од Нова демократија за одржаната средба на Коѕијас со Кумуцакос.