- Најголем број од учесниците на внатрешниот дијалог за Косово се залагаа за зачувување на статус кво и зачувување на замрзнатиот конфликт, да почекаме некои подобри времиња, наведе Вучиќ.
Две лица вработени во Владата на Србија се заболени од морбили, поради што е организирано тестирање на сите министри и владини службеници, објави денеска белградскиот весник „Блиц“.
Косовскиот премиер Рамуш Харадинај потврди дека шестте турски државјани се депортирани без негово знаење, истакнувајќи оти тоа било „билатерална операција на разузнавачките служби на двете држави“.
Кусо по завршувањето на средбата во Виена и изјавите на Метју Нимиц, Никола Димитров и Никос Коѕијас, грчкото МНР излезе со соопштение во кое демантира информација објавена во одредени грчки медиуми дека македонската страна наводно била подготвена да направи уставни промени.
Ги забележавме деталите, што е она за што се согласуваме, а за што не се согласуваме. Ги имаме обележано главните прашања за секоја страна и се на надевам дека на нашата следна средба ќе бидеме подготвени да направиме еден голем чекор, рече шефот на грчката дипломатија во изјавата за ЕРТ.
Во рамките на националната линија на сите грчки влади, официјална Атина бара решение во спорот за името, е ставот на порптаролот на грчката влада и министер без ресор, Димитрис Ѕанакопулос, јави дописничката на МИА од Атина.
Тој истакна дека Бугарија, која претседава со Европската унија, треба да одржува отворен дијалог со Русија, во момент на тензични односи помеѓу западните земји и Москва поради труењето на поранешниот двоен агент Сергеј Скрипал во Англија.
Преговорите за името треба да продолжат за да се изнајде решение на проблемот, одлучи синоќа Политичкиот совет на владеачката СИРИЗА, јави весникот „Контрањуз“.
Пакетот мерки што ги подготвува грчката Влада вклучува зголемување на минималната плата во приватниот сектор од авагуст годинава, кога треба да заврши имплементацијата на третиот пакет помош за Грција, како и раст на пензиите на околу 180.000 грчки граѓани.
Се нaдевaм декa ќе нaпрaвиме некoи пoзитивни чекoри денеска, им рекoл шефoт нa грчкaтa диoлoмaтијa нa нoвинaрите кусo пред пoчетoкoт нa средбaтa сo македонскиот министер за надворешни работи Никола Димитрoв и посредникот на ОН Метју Нимиц вo Виенa, oбјaви грчкaтa нoвинскa aгенцијa АНА-МПА.