Поранешниот албански премиер и претседател, Сали Бериша, се огласи по изгласувањето на законот за јазици во Македонија.
Посетата на грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕијас на Скопје, веројатно на 22 и 23 март, доаѓа во период на зголемени политички тензии по вчерашните случувања во Собранието во врска со донесувањето на Законот за јазиците, пишува весникот „Катимерини“.
Американскиот помошник државен секретар за Европа и Евроазија Вес Мичел, денеска е во Атина на средби со грчки владини преставници.
Словенечкиот премиер Миро Церар поднесе оставка , објави Блумберг. Неговото повлекување беше изненадувачки , бидејќи е само на неколку месеци пред редовните парламентарни избори во земјата. Тој ја објави својата одлука синоќа на телевизија.
Официјална Тирана и Приштина го поздравија донесувањето на Законот за употреба на jазиците во македонскиот Парламент.
Претседателот на Собранието на Косово, Кадри Весели им честита на сонародниците и пратениците во Република Македонија за усвојување на Законот за употреба на јазиците.
Подршката на европскиот пат на Србија, регионалната безбедност и односите со Косово беа главна тема на разговорие во Белград на американскиот државен секретар на САД за Европа и Евроазија, Вес Мичел со српскиот претседател Александар Вучиќ.
Како што јави дописникот на МИА од Атина, Теодоракис во интервјуто говореше и за прашањето со името, повторувајќи ги позициите на неговата партија и на централно левичарската Движење за промени во кое освен Река е и партијата ПАСОК.
Немаме што да споделиме од културното наследство на Александар Велики, вели лидерот на грчката опозициска партија Нова демократија.
Водостојот на карловачкото подрачје и во Хрватска Костајница и понатаму расте, јавуваат хрватски медиуми.