Според него, првото нешто што двете земји треба да го сфатат при реализација на Договорот за добрососедство е што по речиси 20 години овој договор стана факт.
Владата без план и без гаранции тргна да даде сѐ, доволни и беа само два симболични потези, преименувањето на автопатот и аеродромот, вели лидерот на опозициската Нова демократија, Кирјакос Мицотакис, кој испрати остри критики до грчката Влада за начинот на кој ги води преговорите за името.
Тајните преговори, кои наводно се во тек меѓу високи косовски и српски официјални претставници, за размена на територии меѓу Косово и Србија, немаат поддршка ни од САД, се вели во одговорот од амерканската Амбасада во Приштина, на прашање на приштинскиот весник „Газета експрес“.
Самарас смета дека целиот случај има и политичка заднина, бидејќи во иднина секоја нова влада „ќе може да користи наместени лажни сведоци за да ги уништи политичките противници“.
Србија мора да ја прифати независноста на Косово доколку сака да се приклучи кон Европската унија, изјави синоќа во Приштина шефот на германската дипломатија Зигмар Габриел.
„Патриотизам е да се служи во интерес на граѓаните со реализам. Јанис Бутарис е вистински патриот“, објави Каминис на Твитер во однос на 27-годишниот спор меѓу Грција и Македонија.
– Портпаролот на грчката Влада, Димитрис Ѕанакопулос, изрази оптимизам дека може да се постигне заемно прифатливо решение. Ѕанакопулос ова го кажа на гостувањето во емисија на Првата програма на грчкото државно радио.
Група од околу 70 лица, според солунските медиуми, се собра денеска пред зградата на општина Солун и побара оставка од солунскиот градоначалник, Јанис Бутарис, по неговите вчерашни изјави за евентуални преименувања на аеродромот и автобуската станица во Солун.
Хрватска и Србија заедно ќе побараат пари од ЕУ за изработување проектна документација и спроведување на проектот за реконструкција на железничката линија Загреб-Белград, јави хрватската телевизија ХРТ.
Шефот на грчката дипломатија Никос Коѕјас на седница на грчкиот Парламент побара Албанија да ги „прочисти“ на учебнците од „прашањето за Чамите“.