Сложено име и за надворешна и за внатрешна употреба, за кое треба уставна промена и повлекување на секакви сомнежи за иредентистички ставови, е рамката што го гарантира затворањето на проблемот, според грчкиот премиер.
- Не сакам да се правдам, но јас не сум четник, ниту кој било од мојата фамилија бил четник. И немам проблем со тоа што некој овде ме навредува, изјави Вучиќ.
Мала рачно изработена бомба експлодира рано изутринава пред влезот на зградата во која се наоѓа модното ателје на сопругата на лидерот на грчката опозициска партија Нова дмеократија, Кирјакос Мицотакис, Марева Грабофски Мицотакис, во центарот на Атина.
„Клучна седмица за скопското прашање“; „Договорено е името, се забрзуваат преговорите“, „Средба во Брисел за Горна Македонија“, се насловите во грчките весници „Документо“, „Неа селида“ и „Прото тема“.
Решението на спорот за името меѓу Македонија и Грција не треба да биде на сметка на Бугарија, изјави во утринската емисија на БТВ поранешниот бугарски претседател Георги Прванов.
Без превод на грчки јазик, името Горна Македонија, како што се изговара на македонски, е прифатливо решение за Ставрос Теодоракис, лидерот на грчката партија Река.
Додека траело апсењето, пред неговата канцеларија во Белград чекале 20 луѓе за магот да ги спаси од магии.
Двајца косовски полицајци се уапсени во северниот дел на Косовска Митровица, под сомнение дека манипулирале со докази поврзани со убиството на Оливер Ивановиќ.
Српскиот претседател Александар Вучиќ утре ја почнува дводневната официјална посета на Загреб, на покана на хрватската претседателка Колинда Грабар Китаровиќ.
Во Хрватска набргу ќе биде отворен првиот европски центар за лекување со медицински канабис, што ќе биде лоциран во реонот на бањата „Свети Мартин“ во северна Хрватска.