Се надеваме дека ова ќе значи отворање на ново поглавје во односите на двете земји и двата народи, велат од грчкото Министерство за надворешни работи во соопштението во кое ја поздравуваат одлуката на македонската Влада да ги преименува автопатот и аеродромот.
Според извештаите на македонските медиуми, коментарите на турскиот претседател беа направени за време на конференцијата на мигранти на балканските земји во Турција.
Врз основа на меѓународните договори, географската област Македонија не ѝ припаѓа исклучиво на Грција, вели портпаролот на грчката Влада во интервју за државната телевизија ЕРТ.
На фејсбук групата „Македонска Коалиција“, македонските активисти објавија снимка на која се гледа како Грци малтретираат македонски камионџија затоа што на камионот има налепница „МК“.
Очекуваме од Скопје, конечно да излезе и јавно да каже која ќе биде придавката во сложеното име и да им го објасни тоа на граѓаните, вели Никос Коѕијас, министерот за надворешни работи на Грција, во интервју за Eуроњуз на грчки јазик.
Предуслов за влез во НАТО и ЕУ е името да се реши на начин на кој ќе се исклучи секаков вид на иредентизам, порача грчкиот претседател Прокопис Павлопуслос од Лариса, говорејќи пред припадници на грчкото воздухопловство.
Во најновата верзија на Стратегијата за Западен Балкан, се наведува дека земјите од регионот ќе станат членки на ЕУ, „но не во состојбата во која се наоѓаат денес“.
Новото име целосно да се усвои и за внатрешна и за надворешна употреба, но по интеграцијата во ЕУ; не постои задолжителна промена на уставот; Нимиц ја повторува клаузулата на неексклузивност за термините „македонски“ и „Македонија“ за економска употреба...
Бутарис, за телевизијата СКАЈ, повтори дека Грција го нема ексклузивното право на терминот Македонија, како и дека тој нема проблем новото име на северниот сосед да биде „Нова Македонија“.
Грчката влада нема намера да ја менува надворешната политика. Таа не се води со митинзи. Владиниот план останува во сила, изјави претставник на владата на Ципрас, веднаш по вчерашниот протест во Атина.