Во други околности треба да се бара решение на името, вели лидерот на опозициската Нова демократија, Киријакос Мицотакис, кој пред политичкиот комитет на партијата упати остри критики кон грчката Влада во однос на тоа како се однесува со прашањето за името.
Претседателот на грчкиот Парламент, Никос Вуцис изјави денеска дека прашањето за името може да доведе до одредени промени на грчката политичка сцена. Тој напомена дека сепак ова прашање нема да ја смени стабилноста на грчката Влада.
Во изјава за грчкото радио, Каминис вели дека иако според анкетите, мнозинството Грци поддржуваат референдум, неговото одржување би било погрешно, и наместо тоа потребен е широк политички и национален консензус.
Ако се тргнат иредентистичките идеи и тенденции во уставот на Скопје, тогаш името не е воопшто важно, не ми е битно ако сакаат да се викаат и Северна Грција, вели кипарскиот претседател Никос Анастасијадис во интервју за „Прва емисија“.
Актуелната грчка Влада ќе бара решение за спорот со името без оглед на политичката цена, доколку за тоа има подготвеност и кај другата страна, бидејќи за танго се потребни двајца.
Од Независни Грци, партијата коалициски партнер во грчката влада, уште еднаш повторуваат дека нема да прифатат име во кое би бил вклучен „грчкиот термин Македонија“, па дури, како што вели портпаролката на партијата, и да е на кинески јазик.
Во интервју за „Дојче веле“, косовскиот претседател Хашим Тачи ја критикува одлуката на македонскиот претседател Ѓорге Иванов да не го потпише законот за јазиците.
Албанскиот премиер Еди Рама изјави дека се чувствува горд кога го обвинуваат дека ги брани Албанците во Македонија и додава дека ќе продолжи да ги брани.
Министерот за внатрешни работи на Грција, од редовите на СИРИЗА, ги почитува различните ставови на Независни Грци, но не се согласува со нив и преку интервју за грчкото радио Реал фм, им порача да бидат внимателни во нивните постапки.
Синодот на ГПЦ во петок ќе одржи вонреден состанок, на кој според грчките медиуми ќе стане збор за спорот со името и демонстрациите, а според официјалното соопштение од грчката православна црква, ќе се разгледаат тековни службени прашања.