Европскиот економски и социјален комитет (ЕЕСК) е консултативно тело на ЕУ и постои од 1958 година. Тоа е советодавно собрание составено од претставници на здруженија на работодавачи, синдикати и граѓански организации.
Најмалку 33 деца деца изминатата ноќ во тешка алкохолизирана состојба се примени на Воено-медицинската академија (ВМА) во Белград поради труење со алкохол во ноќниот клуб „Синер“ во главниот град на Србија.
За 15 проценти е зголемен бројот на македонски туристи кои оваа зимска сезона ја посетиле Бугарија во споредба со претходната година, покажуваат податоците на бугарскиот Единствени туристички информативен систем (УСТИ).
Грчките земјоделци на денешниот состанок одржан во Лариса одлучија да ги интензивираат нивните активности и најавија одржување на голем протест во вторник во Атина, но и блокади на патишта, гранични премини и пристаништа, јави дописничката на МИА од Атина.
Најави дека идниот месец ќе биде отворена воената воздухопловна база на НАТО во албанскиот град Кучово.
Тој му посочил Блинкен дека „Албанија е посветена да продолжи да придонесува заедно со САД и НАТО за регионалната и глобалната безбедност“.
Првата алтернатива вклучува користење на институциите за трансфер на пари меѓу Косово и Србија, што се смета за изводливо, но може да биде помалку практично и поскапо за поединци.
Американскиот амбасадор во Приштина, Џефри Ховениер денеска го повтори повикот до властите во Приштина да ја одложат одлуката за забрана на динарот на Косово и нагласи дека ситуацијата со динарот влијае на партнерството на САД со Косово.
Малки во изјавата по средбата говореше детално за ситуацијата во Газа, истакнувајќи дека веќе има над 20-30 илјади загинати, над 70 илјади повредени, инфраструктурата е уништена, а „областа е несоодветна за живеење“.
Со порака Владата да го повлече предлог-законот за отворање приватни факултети, како и секој четврток, учениците и студентите и денеска во центарот на Атина одржаа мирен и масовен протест, јави дописничката на МИА од Атина.