Со 157 гласа „за“ и 81 „воздржани“, Димитар Главчев денеска е избран за претседател на 44-от состав на бугарското Народно собрание.
Словенечката Влада денеска до Парламентот достави предлог за усвојување закон по итна постапка, со кој би и се овозможило на државата да именува времени управители на компаниите со над 6.000 вработени, кои имаат проблем со солвентноста, јави ХИНА.
Руското Министерство за надворешни работи оцени дека одлуката на САД да го прифати Протоколот за пристапување на Црна Гора во НАТО е „голема грешка“.
Грчката полиција денеска го блокира реонот околу плоштадот Синтагма во Атина поради дојава за поставена бомба, јави АНА-МПА.
Црногорските претставници очекуваат Црна Гора да биде полноправна членка на НАТО веќе на самитот што ќе се одржи кон крајот на мај во Брисел.
Трговскиот суд во Загреб денеска на предлог на хрватската Влада го именуваше Анте Рамљак за принуден управник на концернот „Агрокор“.
Дојавата за подметната бомба на аеродромот Никола Тесла во Белград беше лажна, соопшти српското Министерство за внатрешни работи.
Кризата во концернот „Агрокор“ речиси сигурно ќе има последици врз бруто домашниот производ на Хрватска.
На денешен ден, 6 април 1992 година независноста на БиХ ја признаа тогашните држави од Европската економска заедница, а ден подоцна и САД. БиХ стана членка на ОН на 22 мај 1992 година.
Просечната нето плата во Хрватска во првото тримесечие од оваа година изнесува 5.408 куни (околу 725 евра).