Надеж дека што е можно побргу ќе се најде заемно прифатливо решение за прашањето за името, изрази портпаролот на грчката влада и министер без ресор, Димитрис Ѕанакопулос.
Независни Грци не отстапуваат од нивната позиција против употребата на терминот „Македонија“ во името на нашата земја. Ова, уште еднаш го повтори Мадалена Пападопулу, портпаролката на помалиот коалициски партнер во грчката Влада, говорејќи за грчката телевизија Скај.
Високи извори од грчкото Министерство за надворешни работи за „Катимерини“ изјавиле дека патот до решение може уште долго да трае. Весникот, коментира дека ова се должи и на внатрешните случувања во двете земји во изминатиот период.
Граничната фитосанитарна инспекција на Србија на преминот Прешево од денеска ќе работат седум дена во неделата, наместо шест како досега. Оваа одлука на Србија произлезе од првиот одржан состанок на Мешовитиот комитет на Република Македонија и Република Србија.
Европарламентарката од Хрватска, Маријана Петир упати критика до Европска унија за оставањето на Македонија на милост и немилост на Грција.
Македонското друштво „Илинден“ со седиште во Тирана, во име на Македонците во Албанија побара од официјална Тирана да ја признае Република Македонија под уставното име.
За средбите во Скопје и текот на преговорите, министерот за надворешни работи на Грција Никос Коѕијас го известил грчкиот премиер Алексис Ципрас на средба во премиерската палата во текот на вчерашниот ден, објавија грчките медиуми.
Бугарската православна црква (БПЦ) ќе испрати делегација на чествувањето по повод 1000-годишнината од формирањето Охридската Архиепископија, што ќе се одржи во Охрид на 28 мај оваа година, доколку добие покана, изјави поглаварот на БПЦ, патријархот Неофит.
За време на 78-те денови, колку траеше бомбардирањето, според официјалните податоци, загинаа меѓу 1.200 и 2.500 луѓе, додека вкупната материјална штета е проценета на повеќе десетици милијарди долари.
Ако Независни Грци не гласаат за договорот за името на северниот сосед, Грција треба да оди на избори, вели портпаролот на ПАСОК, Павлос Христидис во утринска емисија на грчката телевизија Скај.