Претставници на земјоделците, вкупно 15 лица од цела Грција, напладне ќе бидат примени од грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, средба од која ќе зависи дали ќе продолжат со блокадите со зголемен интензитет или ќе се постигне решение, јави дописничката на МИА од Атина.
Реизбраниот градоначалник на албанското приморско гратче, Химара, Фреди Белери, кој е во притвор од 12 мај, два дена пред локалните избори, последна надеж, да даде заклетва, гледа во Уставниот суд.
„Очекувам да биде во февруари, но свесен сум дека ќе биде многу комплициран извештај. Затоа, мислам дека нема потреба да се врши притисок за времето на објавување на извештајот на ОДИХР, со оглед на тоа што работат многу тешко е да се произведе“, истакнува Шидер.
Со новиот транзициски план, меѓу другото, се предвидува функционализација на бесплатна телефонска линија за информирање на граѓаните од српска националност кои користат средства од Србија и олеснување на условите за отворање банкарски сметки.
Со измените и дополнувањата кои се подготвуваат во Кривичниот законик, меѓу другото се предвидуваат законски решенија со кои се регулира сурогат мајчинството. Овој концепт првпат ќе биде вклучен во албанското законодавство, бидејќи не беше предвиден до сега, јавија медиумите.
Во извештајот пред членовите на Комисијата за безбедност на Собранието на Косово, Маќедонци рече дека косовските војници во Украина пружаат поддршка и помош во различни области.
Србите во Северна Митровица протестираат поради одлуката на косовските власти за укинување на српскиот динар и воведување на еврото како единствена валута во Косово.
Таа додаде дека се планира изградба на уште два нови гасоводи со Северна Македонија и Романија, кои ќе бидат завршени пред почетокот на специјализираната изложба ЕКСПО 2027.
Експлозивен материјал содржел сомнителниот коверт откриен денеска во судот во Солун, а според локалните медиуми бил адресиран до еден од претседателите, јави дописничката на МИА од Атина.
Хрватската Влада ќе го разгледува предлогот на Генералштабот на вооружените сили на Хрватска и Министерството за одбрана за воведување на задолжителен воен рок.