Намалувањето на вкупното население во земјата од 8,0 отсто меѓу последните два пописи е значително регионално нерамномерно, со најнеповолни движења во источните и јужните делови на државата.
Поради посетата на пациенти од пожарот во Кочани, студентите во блокада од Медицинскиот факултет во Белград побараа покренување постапка против одговорните во Ургентниот центар на Универзитетскиот клинички центар, јави дописникот на МИА од Белград.
Милорад Додик, по кого е распишана централна потерница, а од Интерпол е побарано црвена потерница, беше во Израел на конференција за антисемитизам во Ерусалим. Тој најави дека ќе се врати во БиХ „мирно следната недела“.
Лидерот на босанските Срби Милорад Додик вчеравечер потврди дека организаторите на конференцијата за борба против антисемитизмот, што се одржува во Ерусалим, на самата средба практично го прогласиле за непожелна личност, поради што бил принуден да ја напушти.
Ѓуриќ изјави за Еуроњуз дека потпишувањето на трилатералниот меморандум ги нарушува духот и значењето на Договорот за субрегионална контрола на оружјето од 1996 година, што е составен дел на Дејтонскиот договор.
Албанскиот премиер Еди Рама во директна комуникација со граѓани на Фејсбук „Очи в очи“ изјави дека процедурите за затворање на ТикТок се веќе завршени.
Претседателот на Република Српска Милорад Додик денеска во Ерусалим се сретна со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.
Италијанскиот сенатор и поранешен премиер Матео Ренци беше во посета на прифатните центри за мигранти во Шнѓин и Ѓадер, Албанија.
Српската напредна партија (СНС), чиј член е тој, мора да дојде кај него и да предложи кандидат за премиер и да каже дека има обезбедено мнозинство.
Централната изборна комисија на Косово (ЦИК) денеска ги потврди резултатите од парламентарните избори на 9 февруари, на кои движењето Самоопределување победи со 390.000 гласови или 42,30 отсто од гласовите (48 од вкупно 120 пратенички места).