-Сакаме пругата меѓу Белград и Бар да се финансира преку планот за раст на Западен Балкан. За нас во Србија таа е најприоритетна железница. После тоа доаѓа пругата помеѓу Брестовац и Прешево до Скопје, рече вчера Весиќ.
Албанскиот премиер Еди Рама денеска на Стратешкиот форум во Блед, Словенија, оценил дека новиот план за раст е „на вистинскиот пат и сега земјите мора да ја завршат целата работа за да се сметаат за подготвени за влез во Европската унија“.
На средбата на Герапетритис со шефовите на конзуларните претставништва во Солун присуствуваше и заменик-министерот за внатрешни работи надлежен за областите Македонија и Тракија, Костас Гулекас.
Минатиот петок, Владата предводена од Албин Курти затвори неколку српски паралелни институции на северот на земјата.
-Тоа е нешто што не сме го промениле и не сакаме да го менуваме, изјави Вучевиќ на панелот на лидерите на Влади на 19. Стратешки форум во Блед (БСФ), кој се одржува под слоганот „Свет на паралелни реалности“.
На голем дел од плажите што се наоѓаат источно и западно од поширокиот регион на грчкиот град Волос, забрането е капење поради појавата на мртви риби што се излеаја во морето, јави дописничката на МИА од Атина.
Хрватскиот премиер Андреј - Пленковиќ тврди дека расколот во Татковинското движење не може да го доведе во прашање парламентарното мнозинство.
Амбасадорот Орав, кој претходно беше постојан претставник на Естонија во ЕУ и шеф на делегациите на ЕУ во Црна Гора и Северна Македонија, на чело на Мисијата во Косово го наследи чешкиот дипломат Томаш Суниог.
Вучиќ додаде дека во животот видел разни циркуси, но дека никогаш не видел циркус каков што се подготвени да направат Албин Курти, Соња Бисерко и Ненад Чанак.
- Наша цел е да обезбедиме средба на шефовите на преговарачките тимови што е можно побрзо, бидејќи на масата има многу прашања што треба да се решат, додаде Стано.