Главниот настан за време на едномесечното претседавање со Словенија ќе биде дебатата на високо ниво на 25 септември на почетокот на Генералното собрание.
Агенцијата забележува дека тоа прашање е чувствително бидејќи „Белград, кандидат за членство во ЕУ, одржува односи со Москва, на која не воведе санкции, и покрај инвазијата на Украина“.
Во Србија oд 1 септември до крајот на октомври граѓаните ќе можат да купат 81 вид на производи во 2.500 малопродажни објекти во рамки на акцијата „Најдобра цена“ по поповолни цени, изјави денеска премиерот на Србија, Милош Вучевиќ.
Од почетокот на сезоната заклучно со вчера напладне вкупниот број на заразени е 124, а регистрирани се вкупно 15 смртни случаи на возраст меѓу 61 и 92 години.
Краповиќ изјави и дека за смена на Лазаревиќ биле и претседателот на Собранието на Црна Гора Андрија Мандиќ и премиерот Милојко Спајиќ.
Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ изјави дека Хрватска не смее директно да се вклучи во конфликтот меѓу Русија и Украина, но дека сепак може да му обезбеди на Киев хуманитарна помош и воена опрема.
Владата на Косово на денешната седница одлучи минималната плата во земјата да се зголеми на 350 евра бруто, јави дописникот на МИА од Приштина.
Како што објави денеска косовската ЦИК, на претстојните редовни парламентарни избори право на глас имаат 2.047.148 гласачи, што значи дека нивниот број е зголемен за 161.700 гласачи во однос на локалните избори одржани во 2021 година.
Намалување на патарините за 30 центи на обиколницата „Атики одос“ во областа Атика, поширокиот регион на Атина, односно од 2,80 на 2,50 евра од 6 октомври, соопшти грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на почетокот на денешната владина седница, јави дописничката на МИА од Атина.
Шефот на делегацијата на Европската унија (ЕУ) во Белград, Емануел Жофре, денеска изјави дека е „позитивна вест“ што претседателот на Франција, Емануел Макрон доаѓа во посета на Србија, оценувајќи дека тоа е важно за нејзиниот европски пат.