Солунското метро ќе биде пуштено во употреба за три месеци, односно на 30 ноември годинава, како што од Солун соопшти грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, јави дописничката на МИА од Атина.
Списоците ги направив јас, како министер за полиција и директор на БИА по закон и совест и жалам што не им се посветив повеќе, бидејќи гледам колку ѓубриња се неправедно заборавени
За 15 до 20 отсто во однос на просечната вредност од 2010 година е намалена површината на вештачкото езеро Морнос во централна Грција, што претставува еден од главните извори за водоснабдување на Атина, јави дописничката на МИА од Атина.
Се очекува членовите на новата влада веднаш да положат заклетва пред претседателот на Народното собрание, јавува Радио Бугарија.
Пожарникарите веќе два дена водат голема битка да ги стават под контрола шумските пожари на југоистокот на Србија, јави Би-Би-Си на српски јазик.
Централната банка на Косово (ЦБК) предвидува дека државата ќе ја затвори 2024 година со економски раст од 3,9 отсто, јави дописникот на МИА од Приштина.
Од грчката полиција соопштија дека уапсени се еден странски државјанин и една Гркинка, а вкупната вредност на украдените предмети се проценува дека е над 40.000 евра.
„Северина... Државен непријател број 1“, „Ги профали 'форите' на Вучиќ“, „Отсега Северина ми е на плејлистата“, „Утрово во Белград е уапсен хрватски шпион“ - гласат дел од коментарите.
За време на денешниот регионален совет на периферијата, Ѕиѕикостас се задржал на одлуката на Мицотакис да го номинира за грчки комесар во Европската Комисија.
Албанскиот премиер Еди Рама денеска најави дека Албанија во наредните години ќе организира два важни настани, оценувајќи дека неговата земја „станала референтна точка во надворешната политика“.